Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Против репрезентацијата на Норвешка досега „црвено-жолтите“ имаат одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година средбата заврши нерешено без голови (0:0) во Скопје, додека на гостувањето во Осло, Норвежаните победија со 2:1.

Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло, домаќините победија со 2:0.

На октомвриската ФИФА рејтинг листа, Македонија е на 85. место, додека Норвешка е рангирана на 58. позиција.