Македонската драма „Јавачи на коњи“ на Скопско лето

Проекција на македонската драма „Јавачи на коњи“ вечерва во 21 часот ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности, Сули ан, во рамки на Скопско лето.

Филмот има времетраење од 85 минути.

Режијата е на Марјан Гавриловски, а улогите ги толкуваат Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски и Кристијан Стојановски.

Приказната го следи животот на двајца бездомници кои живеат под мост. Мапет е хендикепиран, а Алек се грижи за него. По игра на случајот, еден ден, бегајќи, ќе им се приклучи и девојката Сара.