Изминатиот викенд македонските пливачи имаа настап на меѓународни натпревари во Трст, Италија и во Крагујевац, Србија, каде успеаа да се вратат со медали.

Од пливачите кои настапија на “Куп Крагујевац” во Крагујевац, Србија, Сара Анастасовска освои прво место во дисциплината 50 метри грбно и трето место во дисциплината 200 метри слободно и Жабокова Ана освои трето место во дисциплината 50 градно.

Пливачите кои настапија на “Марко Соранцио” во Трст, Италија Стефан Цветкоски освои второ место во дисциплината 50 метри делфин и трето место во дисциплината 100 метри делфин. Јана Милковска освои второ место во дисциплината 100 метри слободно, второ место во дисциплината 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри делфин.