Македонките земаат кредити за да стават силиконски гради и задник!

И додека во светски рамки трендот на естетски операции опаѓа, на домашен терен истиот зема се поголем замав и според најновите истражувања и анкети секоја десетта македонка има по некоја корекција на себе.

Освен дамите, во последните неколку години под нож легнуваат и припадниците на посилниот пол.

“Можеме да потврдиме дека естетската хирургија не е табу за македонските граѓани. И мажите и жените во голем број се интересираат и подвргнуваат на многу од естетските зафати”, вели Гашпар Фабјан, менаџер на интернационалната клиника за естетска хирургија "Фабјан”.

Дамите најчесто ги корегираат градите и задникот, додека, пак, мажите ги острануваат масните наслаги од стомакот.

“За дамите, најпопуларни се корекциите на изгледот и големината на градите и задникот. Освен имлантите за гради, многу барана постапка е бразилскиот лифтинг на задникот или постапка за подигање, зголемување и обликување на задникот со трансфер на вишокот масти од телото каде не се пожелни, на местото каде што се добредојдени. На абдоминопластика или постапката за корекција на опуштениот стомак кој е резултат на вишок килограми или бремености и липосукција се подвргнуваат еднакво и мажите и жените кои сакаат да се ослободат од "резервната гума" околу половината.Хируршка корекција на уши или нос се исто така барани методи”, додава Фабјан.

Цените за естетските операции варираат во зависност од зафатот, но операција под три илјади евра нема. Токму поради тоа голем број на Македонки земаат кредити се со цел да си овозможат сонот за бујна предница или задница да  стане реалност.

“Цените за естетските операции се движат од три илјади евра, па нагоре, а многумина од клиентите се одлучуваат за можноста за плаќање на износот на 60 месечни рати. Многу од клиентите се одлучуваат и за подигање кредит за да ги платат потребните услуги”, објаснуваат од клиниката.

Освен операциите, голема побарувачка има и за подмладување со ботокс и хијалуронски филери кои се дел од рутината за разубавување и одржување на младоста на голем број жени, како и пополнувањето на усни.