Македонките си заминуваат, девојки од странство се доселуваат за брак

Во 2016 година во Македонија се доселиле од други држави вкупно 2.764 странски државјани, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Според стросната структура најбројни се доселеници- мажи на возраст од 30 до 64 година.

Така според статистката лани во Македонија се доселиле вкупно 218 деца на возраст од 14 години.

Доселени се 568 жени и 522 мажи на возраст од 15 до 29 години, потоа 612 жени и 733 мажи на возраст од 30 до 64 години и 129 лица постари од 65 години.

Како најчеста причина за доселување во Македонија според податоците од статистиката е склучување на брак кај жените од кои 43,6 % од нив лани дошле поради оваа намена, додека кај мажите најчеста причина за доселување во Македонија е школување, односно 45,8% од нив се доселиле за таа намена. 

Најмногу доселени странци има од Турција, чиј број изнесува 1.355, па потоа од Албанија 514 лица, од Србија 508, а од Косово се доселиле 490 лица. Од другите континенти најмногу лица во Македонија се доселиле од Азија (191), од Америка (121) и од Африка (50). Странски државјани се доселуваат во земјава главно заради склучување бракови, вработување и образование.

Доселени жени на возраст од 15 до 29 години лани имало 537, а мажи на истата возраст 514, а истовремено се доселиле 498 жени и 648 мажи на возраст од 30 до 64 години.
Лани, од земјава се отселиле вкупно 630 лица, од нив 440 се граѓани на Македонија, а остатокот од иселените лица, односно 190 се странци со привремен престој. Македонците се отселиле во Германија, САД и други европски држави.