Македонките се наоѓаат на листата меѓу најпривлечните жени во светот

Интернет страницата Targetmap.com кон крајот на минатата година спровела истражување за да открие од каде доаѓаат најпривлечните жени.

Резултатите од истражувањето се поделени во пет категории: многу привлечни, привлечни, нормално привлечни, помалку привлечни и непривлечни.

Меѓу најпривлечните се нашле девојките од Естонија, Летонија, Колумбија и Аргентина, а жените од Македонија, Србија, Албанија и БиХ се во категоријата привлечни жени.

Хрватките, Црногорките и Словенките се наоѓаат во категоријата нормално привлечни, додека Американките, Австралијките и Германките се помалку привлечни.

Најлошо поминале жените од Ирак и Авганистан кои се прогласени за непривлечни.

Убавината на жените од Балканот отсекогаш е позната.