Македонија во бело - еве каде вее снег во моментов

Патот Ресен - Битола кај населбата Баир од 10:45 часот е блокиран, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. 

Оттаму информираат и дека слаб снег провејува во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар, но не се задржува на коловозот. 

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози. 

Се очекува студен бран за Нова Година.