Македонија вечерва против Ангола

Денеска македонските ракометари  во вечерниот термин од 20:45 часот ќе се соочат против селекцијата на Ангола во рамки на Светското првенство во Мец, Франција 2017.

 Дуелот во вечерниот термин  со голема веројатност ќе го играме пред повеќе наши од противнички навивачи.

Анголци скоро и да нема во Мец, а со оглед на тоа што доаѓа викенд, голем број Македонци од овој дел од континентот или од татковината ќе пристигнат да ги бодрат Лазаров и другарите.

Македонските ракометари претходно со 34:30 пред два дена го победија Тунис во воведниот меч од СП во Франција.