Македонија утрово руши рекорди - скопјани повторно се гушат

Македонија повторно руши рекорди ова утро.

Имено нашата држава се наоѓа на осмото место на најзагадени земји во светот.

Вака е рангирана Македонија според светскиот сајт за мерење на загаденоста на воздухот.

Македонија инаку ова утро е во друштво на Индија, Кина, Бангаледеш, Босна и Херцеговина, како и Италија, Полска и Пакистан.

Според резултатите по градови најзагадено ова утро е скопско Миладиновци, потоа следуваат Центар и Лисиче.

Загадена е и Струмица со 210 ПМ 10 честички на метар кубен, додека во Кавадарци загаденоста ова утро изнесува 168 ПМ 10 честички на метар кубен, а во Тетово 166.