Македонија топ дестинација за Велигден за Бугарите

Голем број на Бугари, Велигденските празници решиле да ги поминат во Македонија.

280 000 Бугари ќе патуваат за викендите околу Велигден.

Околу 210 000 ќе празнуваат во земјата, а останатите ќе заминат за странство.

Повеќето Бугари ќе ги посетат грчките плажи, Охридското Езеро и блиските градови во Србија. 

Дел од Бугарите се подготвени да се упатат и на подалечни дестинации, а како топ три за годинава се Италија, Русија и Мароко.

170 000 странци ќе ја посетат  Бугарија за време на Велигденските празници. Бугарија е особено привлечна за соседите од Грција, од каде се очекува да дојдат најголем дел од туристите. Во последните години се зголемува бројот не само на посетителите од соседните земји, туку и од Германија, Австрија, Италија.