Македонија со фудбалер повеќе на доигрувањето на мечот со Албанија?

Албанските медиуми објавија информација дека нивната репрезентација преостанатите 15-тина минути од прекинатиот дуел со Македонија ќе ги доигра со десет играчи.

Како што се наведува фудбалерот од одбраната Берат Џимшити, непосредно пред прекинот потешко се повредил и нема да може да биде во составот на Џани де Бјази.

Албанскиот селектор веќе ги изврши трите дозволени замени, па ако е точно дека Џимшити има сериозни проблеми со коленото, Македонија натпреварот ќе го доигра со играчка предност.

Почетокот на продолжението на натпреварот е закажан за 14 часот.