Денес под влијание на висински циклон, ќе настапи постепена промена на времето. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.

Кон крајот на денот појава на невреме е можна и во Скопската котлина.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за околу 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.