Македонија меѓу десетте најевтини земји во Европа за купување куќа

Република Македонија е меѓу десетте европски земји во кои е најевтино да се купи куќа, вели американскиот веб-сајт за финансиски вести Инсајдер манки.

„Македонија се наоѓа на копно, што значи дека таму нема да најдете никакви плажи, но земјата изобилува со планини и реки, така што сигурно не ѝ недостига убавина“, вели сајтот, кој проценува дека просечна цена на квадратен метар куќа во земјава е 1.134 евра.Последна земја на листата е убавата Естонија. Цената по квадратен метар таму е 2.383 евра. Естонија е мала земја, но има многу плажи, вели сајтот. На листата е и Бугарија, каде што тие процениле дека цената за квадратен метар изнесува 1.254 евра. Со Црно Море на исток, Бугарија е уште една од најевтините земји во Европа во кои можете да купите куќа на некоја од преубавите плажи, особено на плажата Марина Диневи и Сончев Брег.

На листата се и Србија (1.134 евра по м2), Црна Гора (1.400 евра по м2), Романија, Литванија, Кипар…, а поевтини куќи од Македонија има само во Хрватска (1.051 евра по м2) и Молдова, каде што цената за квадратен метар е 965 евра, вели Инсајдер манки.