Во петокот вечерта на 21.04.2017  година со почеток од 20:00 часот на прекрасната сцена на Македонскиот Народен театар една нова генерација на врвни млади музички уметници приредија Гала концерт за паметење и ги надминаа очекувањата на публиката која дишеше во ист ритам со оркестарот и солистите Тиана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова  и  Бојан Ефтимов, кои ги изведоа едни од најпознатите светски музички дела какоSchindler’s List, My way, Чија си, The Prayer, Parla piu piano, Кога те нема, Caruso,Летај Песно, Volare,The Winner Takes It All,….

Со својот нескротлив дух  овие  наши млади уметници кои веруваа во својот потенцијал и во идејата дека заслужуваат  можност ни  покажат со што ние треба да се гордееме.Откривајќи ги своите  можности, тие подготвија  настан вреден за почит, и не  убедија дека е потребно да се подаде рака и да се поддржат идеите на младите кои веруваат во себе.

Нашиот млад уметник Вејчеслав Поповски кои е ученик во втора година во ДУМБЦ„ Илија Николовски-Луј„ во Скопје со своите 16 години веруваше во себе и за овој Гала концерт самостојно ги подготви овие прекрасни аранжмани за оркестарот и ние сите вечерта имаме можност да уживаме во изведбата на едни од најголемите музички дела, интерпретирани во едно ново издание, обоено со фантазијата на еден млад уметник .

Гала концертот е именуван по композицијата „Летај Песно“на композиторот проф.Кире Костов,  наслов кој пренесува посебна порака за универзумот во кој со само седум тона се создава  мелодија која буди емоција. Нашите млади уметници велат не е битен јазикот  на кој се пее, битна е емоцијата која се буди и доживува. Уметноста не познава граници , зошто  уметникот создава големи дела кога не се ограничува и во него се верува, порача прекрасната водителка на вечерта Милена Антовска.

На крајот на концертот голема благодарност до ситедо сите што  овозможија да се оствари сонот на овие врвни млади музички уметници упатија  координаторот на овој проект  Татјана Милојевиќ и претседателката Цветанка Орешковиќ од невладиното здружени Акција&Реакција и до сите учесници за големата верба во себе, за  упорноста и вложениот труд. Благодарност беше упатена до :Министерство за култура, Македонски народен театар и ДУМБЦ „ Илија Николовски Луј“ Скопје кои како надлежни институции ги ставија своите технички капацитети на располагање , во идејата како поддршка безрезервно се вклучи и Факултет за аудиовизуелни уметности ЕСРА –Скопје кои во соработка со  поздипломката Соња Ставрова подготвија прекрасна фото сесија и маркетинг визуелизација. Солистите на вечерта беа облечени во модели на модното студио Елена Лука кои секогаш имаат подадена рака за поддршка на млади со идеја. Македонска Радио Телевизија и Канал 5 Телевизија се медиумски покровители на настанот и помогнаа овој настан маркетиншки да биде претставен и да остане вечно запаметен преку видео запис.

Финансиската подршка е столб без кои ваквите проекти не можат да бидат реализирани, но во Македонија има многу општествено одговорни фирми кои секогаш даваат безрезервна поддршка на младите со идеии. Голема Благодарност беше упатена и од страна на учесниците до сите институциии, но и на фирмите Кипс-Ком,Стопанска банка АД Битола, Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, Друштвото за осигурување UNIQA а.д Скопје и особено фирмата Хелти фуд бај Зегинкои безрезервно ги поддржуваа младите и оваа идеја без чија поддршка и широко отворена врата за соработка овој сон на нашите млади музички уметници немаше да биде реализиран.

Овие  млади уметници  не го сонуваат животот, тие го живеат својот сон и со својот талент Македонија ја однесоа во светот, и денес во  Македонија го донесоа светот беше мотото на овој  досега во вакви рамки нереализиран проект.