Земјава годинава ќе добие два нови автопати. Демир Капија Смоквица ќе биде довршен до март, а Штип Скопје до септември.

Тоа е предвидено со анексите на договрите кои ги склучи новата Владата. Се преговара за уште два анекси кои се однесуваат на автопатот Кичево Охрид. Едниот се однесува на рокот на изведба кој најверојатно ќе биде пролонгиран за три години, а другиот на парите кои ќе треба да се доплатата за да се отстранат неправилностите констатирани досега.

Со пролетта ќе почне изгдбата на три експресни патишта. Ранковце –Крива Паланка,  Штип-Радовиш Градско –Дреново кој е дел од новиот пат за Прилеп. Веќе се обезбедени околу 100 милиони евра преку Светска банка и ЕБОР за рекоснртукцвија на 38 патни правци.

Паралелно течат и актинвостите за моденизација на патарините каде во наредниот период наплатата ќе се одвива електорнски.