Македонија го почнува настапот на Светското првенство во Франција

Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 17:45 го игра својот прв натпревар на мундијалот во Франција, противник е селекцијата на Тунис.

Македонија во Франција деветти пат во историјата ќе учествува на Мундијалите, а најдобриот пласман го оставри пред две години во Катар кога заврши како деветтопласирана.

Боите на Македонија на Мундијалот во Франција ќе ги бранат: Никола Митревски, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.

Македонија натпреварите на Мундијалот ќе ги игра во Б групата, во Мец. Првиот меч со Тунис Македонија ќе го одигра денес од 17:45 часот, потоа на 14.јануари од 20:45 часот е мечот со Ангола, два дена подоцна од 17:45 часот е пресметката со Словенија, а на 18 и 19.јануари од 20:45, односно 17:45 часот противници на македонските ракометари ќе им бдат Шпанија и Исланд.