Македонија ги почнува претквалификациите за ЕП 2021 против Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација на патот кон Европското првенство во 2021 година ќе мора да ги победи репрезентациите на Словачак и Швајцарија. Првиот натпревар избраниците на селекторот Јорданчо Давитков ќе го оодиграат на 23 ноември годинава против Словачка.

Со истата селекција летово ја почнавме серијата подготвителни натпревари во пресрет на претквалификацискиот циклус за СП 2019 година, во Братислава одигравме два натпревари, но вториот не го дочека својот крај.

Три дена подоцна, на 26 ноември "црвено – жолтите" ќе го одиграат вториот натпревар, против селекцијата на Швајцаријана домашен терен Потоа, во февруари ја пречекуваме Словачка, а на 28 јуни ќе ги заклучиме претквалификациите со гостување кај Швајцарија.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЕВРОБАСКЕТ 2021
23. ноември, 2017 година
Словачка – МАКЕДОНИЈА
26. ноември, 2017 година
МАКЕДОНИЈА – Швајцарија
25. февруари, 2018 година
МАКЕДОНИЈА – Словачка
28. јуни, 2018 година
Швајцарија - МАКЕДОНИЈА