Македонија е најпријателски настроена кон туристите

Македонија се најде на четвртото место на листата земји што се најпријателски настроени кон туристите, во опширното истражување на Светскиот економски форум за конкурентноста во туризмот за во светот.

Прв на листата е Исланд, а по него следуваат Нов Зеланд и Мароко, додека на петто место е Австрија. Македонија е оценета со оцена 6.7 на скалата од 0 до 7.

На дното на најнепријателски земји кон туристите се Боливија, Венецуела, Русија, Кувајт и Латвија.

Рангирањето е направено според 14 оценувани параметри, вклучувајќи ја регулативата, животната средина, безбедноста, здравјето и хигиената и инфраструктурата.