Македонија денеска во жолта фаза- совети како да се заштитите од високите температури

Територијата на целата држава е зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:

-Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот

-Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)

-Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

-Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

-На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

-Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.