Македонците во потрага по одмор и чист воздух, Нова година ќе ја чекаат на планина

Последен работен ден. Куферите на некои Македонци се спремни за да заминат на некои места каде ќе го најдат она што го бараат. Некои сакаат добри журки, многу гласна музика и многу гужва, некои сакаат чист воздух, мир и тишина.

И оваа година, уште пред неколку месеци веќе беа резервирани поголемиот дел од сместувачките капацитети на планските туристички места во Македонија. Берово, Маврово, Попова Шапка, Пониква, Пелистер, се само дел од планинските места, каде голем број на Македонци ќе ја дочекаат Нова година. Плус се погоди продолжен викенд, па така некои уште вечерва ќе се упатат кон саканата дестинација.

Има хотелски сместувања, но и многу приватни. Периодов можевме да видиме многу огласи како се издаваат викендици на планина, за одмор и релаксација. Сепак цената е разлина од хотел до приватна викендица, но секој со свој џеб. Едно е заедничко. Сите ќе уживаат во чистиот воздух, кој деновиве баш и го нема низ градовите.

Оние кои ќе бидат сместени во хотели, имаа организиран и дочек на Новата година, а оние во викендици сами ќе си бидат задолжени за да се организираат.