Македонците во јуни и септември на одмор

Македонците го избегнуваат екот на летната сезона за да oдат на одмор. Најчесто се одлучуваат за јуни или пак септември.

Првата причина се финансиите, бидејќи во почетокот или крајот на сезоната има аранжмани дупло поевтини. Втората причина е за избегнување на гужвата.

Од домашните туристички агенции велат дека политичката криза засега нема големо влијание врз продажбата на аранжманите.

Граѓаните прават рани резервации за да заштедат за летниот одмор. Сè покористени се понудите за летување во почетокот на јуни или во септември, кои се и многу поевтини.

„Можам да кажам дека во овој момент политичката криза нема големо влијание. Тие кои сакаат да патуваат се пријавуваат за резервации" – велат од туристичките агнеции.