Македонците спас бараат на интернет, заработката е голема

Бројот на македонски граѓани кои заработуваат на Интернет, тренд што во светот е присутен веќе подолго време, е се поголем.

Работата на Интернет е особено атрактивна за млади кои се уште се на студии или се подолго време невработени.

Тоа се фриленсери и имаат сериозна работа на интернет, таквите лица креираат портфолија, изработуваат платформи и сл. За некои тоа им е сериозна работа и тие се издржуваат од работата на Интернет.

Со интернетот, некои луѓе заработуваат одлични суми на пари. За некои тоа е работа со полно работно време, а за некои едноставно нешто плус кое што им служи и како хоби, но и како начин за дополнително да заработат.