Македонците си дозволуваат за да јадат во ресторан - модерното време донесе нови стандарди во сите сфери на живеењето

Модерното време донесе нови стандарди во сите сфери на живеењето, па така направи измени и во начинот на кој се храниме. Многу луѓе се приморани барем еден оброк во денот да го нарачаат во некој ресторан, независно дали се работи за брза храна или класично јадење.

Некои ги посетуваат рестораните поради уживање, едноставно да се опуштат и да каснат нешто зготвено од професионалци. Истите тие професионалци, одговорни за подготувањето на храната откриваат дека храната која се служи во угостителските објекти е преценета. Тоа би значело дека доколку за одреден оброк платиме 500 денари, реалната цена на оброкот би била, во просек, два пати поефтина. Тоа не е случај секогаш, но готвачите откриваат, на кои јадења од менито треба да внимаваме.

Тартуфи

Храната која се подготвува со овие многу популарни печурки, во суштина во себе содржат минимална количина од истите. Поради високата цена на овој производ, угостителите се решаваат во подготовката на оброкот да употребуваат додатоци кои ја имаат истата арома, а се добиени по хемиски пат. Дури и да бидете послужени со вистински тартуфи, за нив ќе платите многу повеќе од нивната реална вредност.

Флаширана вода

Нешто што стана исклучиво популарно во последно време. Луѓето се параноични по прашањето за квалитетот на водата. Ова особено се манифестира во големите градови каде водата од чешма не е за пиење, но истото успеа да стане тренд и да се применува насекаде низ светот. Особено ако се земе в предвид тоа дека постојат скапи брендови кои произведуваат вода, односно Ви ја продаваат својата амбалажа.

Пилешко

Цената на пилешко месо, според професионалните готвачи не би требала да ја надминува цената од 15 евра. Во луксузните ресторани, на менито се наоѓаат голем број специјалитети подготвени со пилешко месо, кои чинат премногу. Угостителите го користат начинот на подготовка како изговор за високата цена.

Остриги

Школки со чудотворно дејство. Се верува дека се силен афродизијак, што е изговорот за високата цена во речиси сите ресторани. Спротивно од тоа, никој нема докажано дека нивното дејство е навистина така силно, односно повеќе од било која друга морска храна.

Вина и шампањи

Цената на вината, а особено на шампањите е неверојатно висока. Многу често тоа се должи на маркетинг кампањите кои ги водат големите производители на вина. Во рестораните дури и најефтините вина од самопослуга знаат да чинат 3 до 4 пати повеќе. Оние „квалитетните“ знаат да чинат повеќе од самата храна која ја јадеме.

Јастог

Јастозите се сметаат за божествена храна, исто така силен афродизијак. Но, цената која треба да ја платите за да го пробате овој специјалитет е исто така „божествена“.