Македонците се “заразуваат” со криптовалути - Народната банка ја информира јавноста за ризиците

Насекаде се зборува за криптовалутите кои го нападнаа светот. Луѓето секојдневно читаат и добиваат информации за штп станува збор.

Народната банка на Република Македонија преку соопштение укажа дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци.

Некои дигитални валути имаат елементи на пирамидални шеми, како што е случајот со Уанкоин (OneCoin), при што во неколку земји од Европа беа објавени предупредувања или беа започнати истраги во однос на вложувањата во Уанкоин. Од друга страна, некои криптовалути, како на пример биткоинот, се прифатени и се во примена во одредени земји.

НБРМ ги повторува и останатите ризици во трансакциите поврзани со купувањето, чувањето и разменувањето  крипто валути.

- Тргувањето со дигитални валути се врши преку платформи што најчесто не се регулирани и чии правила за работење се предмет на чести измени, па дури и запирање со работа, без најава ниту објаснување. Не постои никаква правна заштита за средствата што се вложени преку овие софтверски платформи, ниту пак постои механизам за обесштетување на клиентите, како што е тоа случај со депозитите вложени во банка која има дозвола за основање и работење издадена од гувернерот на Народната банка. Купените крипто валути се чуваат на виртуелна сметка или т.н. дигитален паричник, кој е и најчеста мета на хакерските напади, што може да предизвика директна загуба за вложувачите, објаснува НБРМ.