Македонците се повеќе купуваат преку интернет

Купувањето преку интернет станува се повеќе популарно меѓу македонските граѓани. Само во првите три месеци од минатата година, во он-лајн-продавниците потрошиле 7 милиони евра што е за 26 % повеќе споредено со истиот период минатата година.

Македонскиот пазар  има простор за раст, особено следниве години. Растот на интернет-трговијата се очекува да биде и над 20-50 %. Граѓаните многу почесто купуваат преку интернет, за разлика од претходно, кога тоа не беше случај.

Од интернет-сервисите на кои се нудат производи и услуги од македонските продавници, велат дека Македонците најмногу купуваат производи од електрониката, производи за секојдневна употреба и разни подароци. Сепак странските он-лајн продавници се поснабдени од домашните. Најпопуларна и најдостапна е кинеската „Али експрес“. . Цените се доволно ниски при увоз да не се плаќа царина и давачки во Македонија. Некои компании свесно одат во загуба, но за да го освојат пазарот.

Интернет трговијата во вкупната трговија учествува со околу 2 %, што се уште е мал процент, во однос на поразвиените пазари каде е над 10 %. Во споредба пак со земјите од регионот, Македонија се наоѓа на средина заедно со Србија. Подобри во интернет-трговијата се Грците и Бугарите. 

Освен што купуваат, граѓаните се почесто од дома ги плаќаат и сметките. Расте бројот и на компании што даваат јавни услуги, а им нудат на потрошувачите да ја платат сметката електронски.