Македонците се почесто избираат „сингл“ варијанта

Ако до пред некоја година во медиумите скандинавските земји беа посочувани како пример за намален наталитет и се помал број бракови, денес слободно може да се каже дека Македонија воопшто не заостанува по овие „негативни“ трендови.

Една од главните причини за намалениот наталитет е што се помалку луѓе во земјава одлучуваат да стапат во брак, а драстично се зголемува бројот на разведени двојки.

Така, најновите податоци на Државниот завод За статистика покажуваат дека во периодот од 2005 до 2015 година се забележува намалување на бројот на склучени бракови за 2,2 % и зголемување на бројот на разводите за дури 41,8.%.