Македонците се најсреќни луѓе на Балканот, а 11. во светот

Македонците се најсреќни луѓе на Балканот, покажало истражувањето на агенцијата „Џетпек“ кое било направено врз основа на фотографиите објавени на социјалната мрежа „Инстраграм“. 

Во вкупниот пласман, Македонија е на 11. место во светот.

Во истражувањето биле анализирани повеќе од 150 милиони фотографии од оваа социјална мрежа од речиси шест илјади градови и 124 земји во светот. Потоа фотографиите и земјите се рангирани според резултатите на „смајли“, а тој резултат покажува колку често личностите на фотографиите се насмеани, односно колку повеќе насмевки на фотографиите, толку подобри резултати за земјата од каде што е фотографијата.

По Македонците, на ранг-листата на најсреќни на Балканот се жителите на Србија, Албанија, па Босна и Херцеговина.

Најсреќните луѓе во светот, според „Инстаграм“ живеат во Бразил. На второ место е Никарагва, а на трето место Колумбија. Потоа следат Боливија, Костарика, Хондурас, Венецуела, Филипини, Гватемала и Мексико.

Од другите земји во светот, САД се на 33. место, Турција е на 39. место, а Русија веднаш зад неа. Велика Британија е на 62. место, Кина е на 116. место, а на последно, 124. место е Јапонија.