Македонците пушат најевтини цигари во регионот

Македонците пушат најевтини, а Хрватите најскапи цигари во регионот, според податоците на Светската здравствена организација.

Цената на цигарите во Хрватска се движи од 3,50 евра, додека Македонците за кутија цигари плаќаат од 1,95 евра.

Во Босна и Херцеговина и Србија, кутија цигари изнесува од 2,40 до 2,60 евра.

Во Албанија цените по кутија изнесуваат 2,37 евра, а во Бугарија 2,81 евро, објави Нумбео, центарот што ги споредува трошоците за живот во сите земји.

Цените на цигарите во Европа се највисоки во Норвешка, Ирска, Велика Британија и Исланд, каде една кутија цигари изнесува од 10,32 до 11,54 евра.

За цигари во Австралија потребно е да се издвојат повеќе од 17 евра по кутија.