Македонците и Грците ќе патуваат по “Пријателство”

Поставени се  новите табли на автопатот „Пријателство“, претходно „Александар Македонски“. Називот на автопатот беше сменет со владина одлука пред месец дена.

Новите табли на автопатот „Пријателство“ се напишани на два јазика: македонски и англиски и чинат околу пет милиони денари.

Минатиот викенд беа отстранети буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аерoдром „Александар Велики“.Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport)  меѓународниот аеродром во Скопје. Таму е демонтиран и споменикот на Александар, кој своевремено  газдите на аеродоромот ТАВ го донираше, а сега  истите тие го демонтираа.

Потсетуваме дека одлуката за промена на имињата на автопатот, кој го поврзува Скопје со Солун и на аеродромот во македонската престолнина влезе во сила на 14-ти февруари, кога владиниот декрет беше објавен во Службен весник. Промената лично беше преговарана од премиерот Зоран Заев за време на неговиот состанок со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос минатиот месец.