Македонците го “збогатуваат ” кинескиот "Али Експрес"

Постојано се зголемува бројот на Македонци кои нарачуваат производи преку интеренет, а особено од кинескот “Али Експрес”.

Интернет продавниците нудат поголем избор и пониски цени, Македонците се повеќе пазарат online. Бројот на порачки надминува и 70.000 месечно, најпопуларни се меѓународните синџири, особено кинескиот Али Експрес.

Поволни цени и голема понуда на производи – ова се главните причини поради кои се повеќе Македонци се одлучуваат да нарачуваат облека, техника, покуќнина преку интернет. За 20 % има раст во купувањето преку интернет, во споредба со минатата година. Во моментов најбарани се очилата за сонце. 

Од  75.000 пратки месечно, само 33.000 се нарачани преку оваа страница. Од Кина, преку Чешка во Прага, во рок не подолг од 1 месец, пратките пристигнуваат на скопскиот аеродром, од каде екипи на Македонски пошти со комбиња, два пати дневно вреќите со пратки ги транспортираат до Дирекцијата. За да се испита безбедноста, секоја пратка поминува низ детектор. Сепак, понекогаш се случуваат и пропусти –  доставата на пратката да доцни или тоа што е нарачано да стигне на туѓа адреса.