Мајмунчето Дино починало на операција

Мајмунчето Дино, помалото братче на Лука, починало на операција. Информацијата неофицијално ја потврдија од Зоолошката градина - Скопје, најавувајќи повеќе информации наскоро.

Дино беше од родот павијани, се роди на 10 март 2015 година и го одгледаа вработените во Зоолошката, откако мајка му, не развивајќи мајчински инстинкт, го отфрли. Дино тогаш преживеа благодарение на грижата на негувателите во Зоолошката. Боеше со боички како дете и не заспиваше без своето кадифено мече.

Слична судбина по раѓањето имаше и Лука. Двете мајмунчиња беа миленици на посетителите на скопската зоолошка градина.

Од „Анима мунди“ велат дека, според нивни информации, мајмунчето починало од сепса, откако добило физичка повреда, отворена рана и скршена нога.