Мајка земала погрешно бебе на скопска Гинекологија

Пред два дена мајка земала погрешно бебе на скопска Гинекологија, дознава Фокус. Целата збрка била решена за 15тина минути, откако мајката се извинила за грешката.

Како што дознава Фокус, кога сестрата ја прашала мајката за бројот на бебето, мајката дала погрешни информации и земала бебе кое не е нејзино. За среќа, за брзо време грешката била увидена и поправена.

Од Гинекологија за Фокус ја потрвдија случката.