Мајка тепала и малтретирала дете во Трубарево - го удирала со маша по главата

Во 15 часот и 30 минути вчера, жена од селото Трубарево пријавила дека девојче на возраст од 13 години од истото село било малтретирано и избркано од неговата мајка на улица.

Од страна на полициските службеници девојчето е однесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде било примено од лекар кој констатирал телесни повреди.

Детето раскажало на лекарите дека ги добило од удар со маша по глава од страна на неговата мајка.

По извршениот преглед, детето било донесено во Полициска станица Гази Баба, каде што биле повикани инспектор за малолетници и интервентен тим од Центар за социјални работи .