Мајка од Скопје исчезна со двете мали деца

Македонската полиција е на нозе откако во 11 часот добија пријава за исчезнато лице. Синоќа во полиција се јавил 34-годишниот К.М од селото Кучевиште, скопско и пријавил дека околу 16  часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга.

Се работи за 27-годишната К.Д.  која исчезнала со нивните две малолетни деца на возраст од девет и шест години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.