Мајка и дете биле во станот кога избувнал пожар: Детали за несреќата во Скопје

На 28.05.2019 година во 09:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала  В.С. (43).

Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Пожарот бил целосно изгаснат околу 10:20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид ќе се врши во текот на денот.