Мајчина душичка: Најубавата и најздравата билка за вашата градина

Верувале или, оваа билка е една од најлековитите билки кои постојат. Таа е најпозната како лек за кашлица, но нуди и многу други бенефити за нашето здравје.

Таа претставува антиспазматик, експерторанс и карминитив. Едноставно кажано, таа  ги ублажува грчевите, има способност да ги исчисти дишните патишта и ги намалува болките во желудникот и стомакот кои се наталожуваат од насобирањето гасови. Освен тоа, таа делува смирувачки на нервите, како и благ аналгетик, односно лек против болки.

Подобрување на имунитетот

Таа е и одличен извор на витамин А и Ц, како и железо, рибофлавин, манган, калциум, цинк и фосфор. Поради тоа, оваа билка е многу корисна за подобрување на имунитетот. Делува како антиоксидант, го поттикнува создавањето колаген и така е корисна и за кожата и регенерација на слузокожата и ткивата. Ги елиминира слободните радикали, кои често имаат многу негативно влијание на имунитетот.

Намалување на кашлицата 

Мајчината душичка е одлична за ублажување на проблемите врзани со респираторниот систем. Ги чисти дишните патишта и ги олеснува симптомите на бронхитис.

Подобра циркулација и крвна слика

Со оглед на тоа дека е богата со железо, таа придонесува за создавање црвени крвни зрнца и подобра циркулација. Тоа воедно значи дека му помага на организмот да обезбеди кислород, како и други хранливи материи кои се пренесуваат низ крвотокот.

Здраво срце

Се смета дека таа придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол и влијае на намалувањето на крвниот притисок. Затоа,  најдобро е да го замените кафето со чај од оваа билка.

Смирување и намалување на стресот

Мајчината душичка придонесува за подобрување на расположението. Таа е богата со витамин Б6 кој влијае одлично за минимизирање на стресот. Одлична е за смирување и затоа се препорачува постојано конзумирање.