Маја од Козле ги „освои“ Андите

Планинарката  Маја Бошкоска,  жителка  на  Општина  Карпош, на 14  февруари годинава успешно го искачи највисокиот врв на  јужната полутопка и западната сфера, врвот Аконкагва, на Андите.

Овој  планински  масив  се  простира во Аргентина, Чиле, Перу, Боливија, Еквадор, а самиот врв  се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Чиле, на   6.962   метри  надморска  височина.

 Храбрата карпошанка Бошкоска е трета Македонка, која се искачила на  еден  од највисоките планински врвови во светот, покрај Илина Арсова во 2010 година, и  Виолета Велкоска во 2012 година. 

Планинарката Маја врвот Аконагва го искачи  во мешана  експедиција, составена од планинари од поранешните југословенски републики. Исто така, таа беше дел од македонската женска екипа која го искачи врвот „ Мера “ на Хималаите.

Општина Карпош, како локална самоуправа која ги поддржува спортистите и спортските таленти  и  додели  30.000 денари еднократни парични средства како поддршка во храбрите планинарски походи на нашата сограѓанка.