Магијата на мајчините зборови

Кога најстариот син на една мајка бил болен, еден од докторите и дал многу добар совет. Тој го споменал експериментот кој е спроведен во Англија.

Еден едноставен ритуал: тоа би требала мајката да го прави секоја вечер, во текот на ноќта. Кога детето ќе заспие, мајката ја чека активната фаза на сон, а потоа ги изговара зборовите кои имаат огромна моќ на детето.

„Те сакам“.

„Горда сум на тебе“.

„Драго ми е што ти си мое дете“.

„Ти си најдобро дете на светот за мене“.

Ваквите резултати биле споредени со другите деца кои ја имале истата дијагноза, но чии мајки не го правеле тоа во текот на ноќта. Децата кои ги примале пораките и изјавите на љубов од нивните мајки се опоравиле многу побрзо. Тоа е магијата на мајчините зборови.

Без оглед на тоа дали детето е болно или не, мајката може да го спроведува ваквиот ритуал со своите деца. Тие често се различни и со различен карактер, но ефектот е ист. Често, дневниот распоред на мајките е исполнет со многу обврски и тие немаат премногу време за своите деца во текот на денот, но затоа ова можат да го направат во текот на ноќта.

Не заборавајте на своите деца да им кажувате дека ги сакате. Не мора да постои посебна причина за тоа. прегрнете ги, бакнете ги и бидете тука за нив. Тоа се моментите кои тие ќе ги паметат во текот на целиот живот.