Магична маска од магдонос која ќе ја освежи вашата кожа

Доколку ви е потребно освежување на кожата, магдоносот е одличен за тоа.

Тој има состојки кои одлично делуваат на проблематичната кожа, придонесуваат за отстранување и ублажување на дамките на кожата, како и темните кругови околу очите. Оваа билка делува така што ја избелува кожата и го враќа нејзиниот природен тон. Освен тоа, магдоносот е богат со витамин Ц, кој на вашата кожа ќе и овозможи дополнителна еластичност, отпорност и сјај

Најделотворен е ако направите маска за лице која ќе ја употребувате 2-3 пати неделно и тоа неколку недели во континуитет.

Потребни состојки:

Неколку листови магдонос

2 лажици јогурт

1 лажица мед

Измешајте ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Маската нанесете ја на целото лице и држете ја околу 10-15 минути, а потоа измијте со млака вода и добро исушете ја кожата.