Магичен пијалок на др. Оз – сок од целер кој прави чуда за нашето здравје

Сокот од целер е полн со хранливи материи и спаѓа меѓу најздравите течности кои можеме да ги внесеме во нашето тело. Поради тоа што е многу алкален, создава рамнотежа во рН вредностите на нашиот организам.

За подготвока на сокот од целер, наједноставно е да користите целер и да го комбинирате со лимон или друго овошје. Тој може да се меша со друг сок, на пример морков, јаболко, зелка, цвекло или краставица.

Листовите на целерот се богати со витамин А, додека пак неговото стебло изобилува со витамин Б1, Б2, Б6, калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, фосфор, натриум и есенцијални аминокиселини. Исто така, тој содржи и важни етерични масла кои му даваат специфичен мирис, а кои особено позитивно влијаат на нашиот нервен систем и ни помагаат да се смириме.

Интересно е тоа дека целерот е богат со натриум, кој е различен од солта која ја користиме во кујната. Кујнската сол е составена од аноргански состав кој доведува до развој на проширени вени, оштетени артерии и други болести. Од друга страна, натриумот кој е содржан во целерот се топи во вода, па во телото одржува хидрираност на клетките.

Добар е во борбата против ракот

За целерот е познато дека содржи барем 8 видови антиканцерогени состојки. Тој содржи бројни состојки кои го спречуваат ширењето на ракот, но и го спречуваат штетното влијание на слободните радикали кои предизвикуваат рак.

Го намалува холестеролот

Лабараториските испитувања покажуваат дека фталидот, хемискиот спој од целерот може да помогне во намалување на лошиот холестерол. Според истражувачите на универзитетот Чикаго, целерот го намалува нивото на холестерол за 7 пати дури ако јадете само 2 гранчиња во текот на денот.

Помага во варењето на храната

Посебните хранливи материи и влакна кои ги содржи придонесуваат за подобро варење. Тоа го прави природен лаксатив кој помага во ослободување од тврдата столица.

Одличен диуретик

Калиумот и натриумот кои ги содржи придонесуваат организмот полесно да се ослободува од вишокот течности.

Делува  анти-воспалително

Полиацителенот кој го содржи е одлично средство за намалување на воспаленијата, вклучувајќи го ревматидниот артритис, гихт, астма, бронхитис  и остеоартритис. Тој исто така содржи и лутеолин кој го инхибира вишокот на лачење на ТНФ – алфа, директен причинител за воспаленијата.

 

nike air max 90 infrared