Магичен напиток за борба против несоница

Нашето целокупно здравје зависи од нашиот сон во текот на ноќта. Сонот може да го одреди квалитетот на животот, бидејќи добриот сон помага во заштита на вашето ментално и физичко здравје.Исто така поддржува правилно работење на мозокот, го одржува физичкото здравје и го поддржува растот и развојот на децата и тинејџерите.

Од друга страна хроничниот сон, може да предизвика сериозни здравствени проблеми, влијае на способноста на луѓето да реагираат, мислат, работат, учат и комуницираат. Според Институтот за медицина во Америка, повеќе од 50 милиони Американци почувствувале проблеми со спиењето или патат од недоволно спиење.

Ние ви нудиме најдобро решение во случај на проблеми со спиењето. Пијте го овој напиток од банана и  цимет еден час пред спиење и ќе се ослободите од несоницата.

Потребни состојки:

1 банана

1 литар вода

½ лажиче цимет

Постапка:

Зовријте ја водата. Потоа, исечете ги краевите на бананата па ставете ги во водата што врие. Оставете да се вари 10 минути. Процедете ја течноста. Додадете малку цимет за вкус. Овој напиток треба да го пиете еден час пред спиење.

Во оригиналниот рецепт, бананата се става нелупена. Но поради претпазливост (од разни фунгициди и пестициди), најдобро е претходно добро измиената лушпа да ја третирате со солен раствор, сода бикарбона или киселина.

Ако имате постојани проблеми со спиењето во текот на ноќта, тоа би можело да укажува и на други, сериозни здравствени проблеми. Би можело да биде предизвикано од различни причини, како што се: дефицит на некои минерали, нездрава исхрана, анксиозност и погрешен начин на живеење.

Некои апчиња за спиење може да ви помогнат да спиете подобро, понекогаш, но тие нема да го поправат вистинскиот проблем.

Тоа е причината зошто треба да се фокусирате на намалување на нивото на анксиозност, да јадете здрава храна, да вежбате повеќе и да практикувате редовна рутина за спиење која ќе му помогне на вашиот мозок и тело да се релаксира повеќе и истовремено да се прочисти од токсините. 

air max 90 essential sale