Маалски полицаец: 300 нови полицајци се потребни во Скопје

Во Скопје потребно е да се вработат најмалку 300 нови полицајци за да се воведе позорникарска служба. СВР Скопје се соочува со недостиг на кадар.

По Куманово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  планира  и во главниот град да го реализира проектот маалски полицаец,  но по месец март  кога ќе заврши  со обука последната генерација кадети во Идризово.

За почеток оваа служба ќе биде воведена во неколку скопски општини.

Овој проект почна со реализација во Куманово , а во службата се ангажирани 70 полицајци распоредени во 17 реони од градот.

Според првичните анализи, маалскиот полицаец позитивно е прифатен од граѓаните вели Спасовски. Од недела во недела се намалува криминалитетот на кумановските улици , но треба време порача министерот.

Во Штип, Тетово и Битола има доволен број службеници и побрзо ќе биде формирана оваа служба.