Маалска средба - патрола за поголема безбедност во Карпош 1

Во понеделник, 15.07.2019 година, од 20:00 часот, во населбата Карпош 1  (кај маркетот „ЗУР“ и поранешните простории на Црвен крст), ќе се одржи маалска средба со претставници од СВР Скопје / Одделение за превенција, претставници од Полициската станица Карпош, како и членови од Советот на Општина Карпош и општинската администрација.

На средбата ќе се разговара за безбедноста во населбата, покритичните точки на кои полицијата и Општината треба да обрнат поголемо внимание, нивно мапирање и други теми од интерес на граѓаните.