Луксузните модели на Porsche сега во нов ексклузивен салон на Порше Македонија (ФОТО)

Порше Македонија со гламурозна свеченост синоќа го отвори новиот продажен салон во Скопје во кој ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche: Boxster 718, Cayman 718, 911 Carrera, Panamera, Cayenne и Macan. Компанијата, покрај салоните за брендовите: Volkswagen, Skoda, Audi и SEAT, ја прошири својата листа со салон за супер спортските автомобили на Porsche.  

Целата фотогалерија може да ја погледнете тука.

Луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија, се едни од главните карактеристики на новиот продажен салон на Porsche кој со гламурозна свеченост синоќа беше отворен во Скопје. Porsche е повеќе од супер бренд, маркантното име кое се поврзува со традиција во создавање на најдобри светски спортски автомобили, моќни спортски мотори, софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката,  но пред се, Porsche е дефиниција за перфекција и престиж, фантастичен дизајн, раскошни перформанси и бескрајно уживање во возењето. Пред гостите од земјава и од странство, Порше Македонија ги отвори вратите на новиот Порше Центар Скопје, во кој ќе бидат изложени и ќе се продаваат најновите модели на брендот Porsche.

Модерната зграда во која е сместен салонот е дизајнирана според сите стандарди на брендот Porsche. Изложените возила се наменети за сите љубители на спортските автомобили кои што сакаат луксуз, уникатност и авантура, но истовремено бараат и докажан квалитет. Во целост, новиот продажен салон на Porsche нуди спортски автомобили од светскиот супер бренд, како и врвна грижа и услуга за клиентите.

  Перформансите што ги нуди Порше Центар Скопје синоќа пред гостите беа претставени со ексклузивни 3D проекции. Со овој модерен пристап на претставување пред клиентите, соработниците и партнерите, Порше Македонија уште еднаш докажа дека е на врвот во автомобилската индустрија во земјава.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски, обраќајќи им се на присутните на отворањето истакна дека грандиозното дело е плод на заедничкиот труд на посветениот тим во Македонија, поддржан од Порше Холдинг Салцбург и Порше АГ Штудгарт.

„Нашите клиенти, љубители на спортските автомобили бараат свој простор. Место каде Porsche автомобилите ќе им бидат на дофат на раката, ќе се чувствуваат удобно, ќе можат да го вдишат духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура. Порше стои за бескомпромисна извонредност кај спортските автомобили и за него го создадовме овој дом. Место кое ќе ве предизвика, возбуди, инспирира, совршен амбиент во безвременскиот стил и дух на Порше. Со тоа, Порше го пишува новото поглавје во автомобилската индустрија во Македонија“ - истакна господинот Муцунски.

Маркус Екерман, генерален менаџер на Порше за Централна и Источна Европа потенцираше дека Porsche остварува резултати подобро од кога било и го изрази задоволството што брендот ќе биде претставен во Македонија со салон кој ќе нуди целосна услуга.

„Porsche поставува нови рекорди според бројот на продадени автомобили и започнува ново поглавје во историјата на спортски автомобили со електричен погон. Porche Mission E ќе биде достапен на крајот од ова декада. Се тоа ќе имаме огромни резултати и влијание на светските пазари, како и на македонскиот пазар. Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери – Порше Македонија и Порше Холдинг Салцбург за нивната посветеност, а на сите вработени во Порше Скопје им посакувам многу среќа и успех.“ – изјави господинот Екерман.

Ален Фавеј, извршен директор на Порше Холдинг Салцбург, истакна дека холдингот со кој раководи денес е најголемата автомобилска продажна компанија во Европа, присутна во 22 земји на стариот континент, а исто така и во Кина, Јужна Америка и Малезија. Порше Холдинг ги претставува брендовите на групацијата Volkswagen, во големопродажба, малопродажба и во финансиски услуги.

„Концентрирани сме на задоволството на нашите потрошувачи при искуството со нашите автомобили, во продажбата и пост-продажбата. Да имаат најдобра можна услуга во секој сегмент од нивното искуство. Овие постојани напори низ годините нѐ доведоа до денешниот момент кога имаме можност, на наше огромно задоволство, да го најавиме отворањето на најновиот салон на Порше во Скопје. Сигурни сме дека со оваа инвестиција во прекрасно здание, ќе можеме да им понудиме најдобро искуство на клиентите на Порше во Македонија“ – изјави господинот Фавеј.

Порше Македонија повеќе една деценија е присутна на македонскиот пазар. Во изминатите години компанијата постави нови стандарди во автомобискиот бизнис, при што го потврди и го задржа статусот на лидер во продажбата на нови возила со најголем удел на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата изгради препознатлив бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.