Лујза Хеј: Само една грешка ве блокира до вашиот среќен живот

Сè додека во својата душа негувате огорчени мисли, нема да можете да бидете апсолутно среќни. Како можете да сте среќни во моментот, кога во себе постојано се труете со бес и лутина?

Огорчените мисли не носат никаква радост, без оглед на тоа дали вие сте направиле грешка или некој друг, без оглед на тоа дали имате право или не. Никогаш нема да успеете да најдете среќа во минатото. Дури кога ќе си простите себеси и другите, ќе успеете да се ослободите од таквите канџи на минатото.

Ако мислите дека тапкате не едно место, или вашите желби едноставно не се исполнуваат, тоа значи дека во себе чувате уште работи од минатото. Работите не се секогаш лесни и ни треба напор за најдобрите работи во нашиот живот, но ништо нема да ни донесе добро ако чувствуваме лутина и бес кои ни штетат на нашата ментална, емоционална, па и физичка состојба. 

Исто така, кога обвинувате друг за својата ситуација или грешки, тоа значи дека не сте доволно свесни и подготвени да се соочите со своите емоции. Во секој момент од животот, различни работи можат да предизвикаат непријатни реакции, но не треба да дозволите тие да останат  во вас и да ги окупираат вашите мисли. 

Преземете одговорност за своите емоции и акции и почнете да донесувате свесни одлуки. Можете да ги совладате ваквите лоши и непотребни емоции, изборот е само ваш.