„Кога имаш добро срце... Многу помагаш, многу веруваш, многу даваш, многу сакаш, а се чини дека секогаш си највеќе и повредуван.“

„Луѓето со добро срце и во другите го будат доброто.“

„Ниту една убавина не сјае толку сјајно како што сјае доброто срце.“

„Најкорисниот посед на една личност не е главата полна со знаење, туку срцето полно со љубов, со уши кои слушаат и раце кои се желни да помогнат.“

„Луѓето со добро и меко срце не се будалести. Тие знаат што другите им направиле, но одново и одново простуваат затоа што имаат прекрасно срце.“

„Ништо не ја погодува добрата душа и доброто срце повеќе од живот помеѓу луѓе кои не ги разбираат.“

„Добрите луѓе се како свеќа. Ќе се изгорат себе за да им дадат светло на другите.“

„Ако мислите дека вашата љубезност и добро срце ќе доведат само до одбивање и страдање, не дозволувајте тоа да ве промени. Ако сте внимателна личност која прави добри работи, не престанувате со тоа, само затоа што луѓето за кои го правите тоа не го гледаат доброто во вас. Проблем е во нивната реакција или недостатокот од истата, а не во вас. Немојте да се менувате. Тие треба да се променат. Вие само продолжете да бидете љубезни, внимателни и добри.“

„Попрво би бил сиромашен, но со добро срце, отколку богат со лоши намери.“

„На крајот од денот, нема да се сеќаваш на луѓето со прекрасно лице. Ќе се сеќаваш на оние со прекрасно срце и душа.“

„Прекрасна личност е онаа која има добро срце. Ако има добро срце никогаш нема да бидеш грд.“