Луѓето понекогаш се сурови, но никогаш не доволувај да ти го изгаснат сјајот!

Дали некој некогаш ви кажал дека сте грди? Или дека не вредите? Дека никој не би можел да ве сака? Е па да си знаете дека тоа не е вистина!

Вие вредите многу повеќе од тоа што луѓето ви даваат на знаење.

Не дозволувајте тоа што другите го зборат да влијае на личноста која сакате да бидете. Не и се предавајте на депресијата од која тешко се излегува. Тоа ќе направи да ја изгубите самодовербата.

Ако некој некогаш ви кажал дека никој не може да ве сака, ви ветувам дека тоа воопшто не е точно. Вие во вашиот живот имате толку многу луѓе кои ве сакаат и кои се грижат за вас. Ќе најдете личност која ќе ви покаже зошто никогаш не функционирало со другите и човек кој ќе ви ја сака душата.

Ќе најдете најдобри пријатели кои ве разбираат повеќе отколку што можете да замислите. Тие ќе ве кренат кога ќе паднете на дното и ќе ве сакаат кога сте на врвот. Тие ќе ве поддржат во се што ќе се одлучите да правите. Тие ќе ве потсетуваат зошто никогаш не треба да се откажувате од оваа луда работа наречена живот.

Без оглед на тоа колку пречки ќе имате во животот, никогаш не се откажувајте.

Не тонете во депресија. Вие вредите повеќе од само убавото лице. Вие можете да ги надминете деновите кога е тешко и да станете од кревет. Вие можете да ги надминете ноќите кога само сакате да плачете од болка. Тоа не е лесна борба, но е борба која вреди да се тера до крај. Вреди да се борите за живот и љубов.

Зборувајте со луѓето на кои најмногу им верувате и кои највеќе ги сакате.

Тие се оние кои се грижат за вас повеќе од се. Свртете се кон вашите родители, тие поминале низ истите работи, иако ние не веруваме во тоа. Обратете се на вашите браќа и сестри, можеби се расправате со нив, но ако ги нема, ќе ви недостасуваат толку многу...

Ве молам немојте никогаш да мислите дека не вредите.

Ви ветувам дека вреди да се будите секој ден и да станете од кревет. Вредат сите тие смс пораки и постови на Фејсбук. Вредат сите направени слики со вашите пријатели. Вредат сите насмевки кои се обидувате да ги излажирате.

Луѓето се сурови и безобразни, но не дозволувајте да ве онерасположат. Држете ја таа ваша прекрасна глава гордо исправена. Овие денови можеби изгледа како никогаш да нема да завршат, но ќе завршат. Некаде по патот ќе видите колку далеку сте дошле и колку навистина сте силни!