Луѓето кои влегуваат во нашиот живот ни покажуваат дека сме на вистинскиот пат!

Дали ни е судено да ги запознаваме луѓето кои ги сретнуваме?

Да. Секоја личност којашто ја запознаваме ни е судена, без оглед на тоа колку долго останува во нашиот живот.

Секоја личност не учи нешто, без оглед на тоа дали ќе биде еден час, еден ден или 10 година во нашиот живот. Тоа време е доволно за да ја научиме лекцијата која тие ни ја даваат. Постојат  7 милијарди луѓе на овој свет и ништо не е случајно.

Ако искуството е негативно и таа личност ве иритира или чувствувате дека не можете да се поврзете со неа, тоа искуство ве учи на трпение, разбирање и емпатија.

Луѓето кои се посебни и со кои веднаш се поврзуваме, тие влегуваат во нашето патување за да ни покажат дека сме на вистинскиот пат. Ни покажуваат дека сме создале пат кој е во склад со нашето битие, душа и креативност.

Ако емитувате позитивна енергија, енергијата на вашата душа, ќе добиете повратно искуство. Кренете ги вибрациите за да привлечете вистинските луѓе во својот живот.

Ако верувате дека постои смисла за секоја интеракција во вашиот живот, тогаш секогаш ќе бидете љубезни ,трпеливи, добри и тоа и ќе ви се врати.

Верувајте дека универзумот ги има направено најдобрите планови за вас.

Ние во суштина сите сме исти, само во нашите патувања сме на различни места.