Успехот доаѓа во животот на луѓето кои не губат време на споредување со она што другите го прават.
Успехот доаѓа на вратата на оние кои секојдневно си велат: „Денес ќе дадам сѐ од себе.“
Луѓето кои трчаат само по успех, ретко го пронаоѓаат, затоа што успехот сам по себе не е крај, туку последица.
Опсесијата за успех воопшто нема да помогне, таа го збунува човекот при изборот на патот по кој ќе се движи и на крајот на краиштата, таа ни го одзема уживањето во самото живеење.
Богат човек е оној кој е во допир со енергијата на Љубовта во секоја секунда од своето постоење.
Како што ќе напредувате чекор по чекор, ќе можете да видите и малку подалеку во иднината и да ја искористите можноста да откриете работи кои не сте ги ни забележувале.
Во такви моменти е важно да се запрашате: „Дали моите животни вредности останаа недопрени? Дали се обидувам да ги задоволам другите и да го направам она што тие го очекуваат од мене или мојата работа е одраз на мојата душа и ентузијазам? Дали сакам да успеам по секоја цена или сакам да бидам успешен со тоа што ќе успеам да ги исполнам моите денови со љубов?