Секогаш е интересно и забавно да се научи нешто ново за себе. Разбирањето на психологијата која стои зад човечките постапки може да ви даде потполно нов увид за луѓето околу вас и да ви го олесни животот.

Следи листа од најинтересните факти за човечката психологија која многу може да им помогне на луѓето.

  1. Пријателствата кои започнале помеѓу 16 и 28 години се поотпорни и подолготрајни од пријателствата кои започнале во градинка или на работното место.
  2. Жените воглавно сакаат мажи со длабок глас затоа што делуваат самоуверени и фини.
  3. Луѓето кои ги даваат најдобрите совети, обично и самите имаат највеќе проблеми.
  4. Колку е човек попаметен, толку побрзо размислува и обично има полош ракопис (затоа што не се ускладени брзината на размислување и брзината на пишување).
  5. Чувствата не влијаат на начинот на кој луѓето комуницираат. Всушност сосема е спротивно, начинот на кој луѓето комуницираат со околината има големо влијание на нивното расположение и чувства.
  6. Многу може да се дознае за карактерот на еден човек по тоа како се однесува со персоналот во ресторанот.
  7. Луѓето кои имаат силна грижа на совест се подоби во разбирањето на мислите и чувствата на другите луѓе.
  8. Мажите немаат подобра смисла за хумор од жените, тие само кажуваат повеќе вицови и не им е грижа дали на другите им се допаѓа нивниот хумор или не.
  9. Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но кога го прават тоа, го прават на начин на кој личноста со која зборуваат има чувство дека добро ги познава.
  10. Луѓето ги смирува, опушта и развеселува музика со висока фрекфенција.
  11. Ако не можете да ги запрете или промените црните мисли кои ве обземаат, не бегајте од нив, туку запишете ги на лист хартија. Тоа ќе го опушти мозокот и ќе ви помогне да заспиете.
  12. Пораките за добро утро го активираат делот од мозокот кој е одговорен за чувството на среќа, сигурност и пријатност.
  13. Луѓето ќе бидат посреќни ако почесто прават нешто од коешто се плашат.
  14. Во просек, жената може да чува тајна 47 часа и 15 минути.
  15. Луѓето кои постојано се обидуваат да ги усреќат дургите на крај се најосамени.
  16. Колку се луѓето посреќни, толку помалку им е потребен сон.
  17. Кога луѓето за рака држат некој кого го сакаат, чувството на болка и несигурност се смалува.
  18. Луѓето кои течно зборуваат два јазици можат несвесно да ги менуваат и карактеристиките во однесувањето со менувањето на јазикот кој го говорат.
  19. Долготројната осаменост е штетна за здравјето како и пушењето 15 цигари дневно.
  20. Патувањата го поттикнуваат здравјето на мозокот и го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.